Политика на приватност
Оваа политика
за приватност е насочена кон
обезбедување на транспарентност при остварување на правата на посетителот
(корисникот) на веб страницата www.e-mik.mk на Mесна индустрија и кланица Свети Николе ДОО
-Свети Николе (во понатамошниот
текст МИК Свети Николе) како и заштита на приватноста на посетителите (корисниците) на веб страната www.e-mik.mk.
Во нашата политика на приватност се дадени генерални информации за обработката на лични податоци при посета нашата веб страна и/или при користење на нашите услуги преку истата со дополнително објаснување за користењето
и заштитата на вашите лични податоци.
Со пристапување
на нашата веб страна или со користење на нашите услуги давате потврда дека сте согласни со собирање и користење на Вашите
информации на начин утврден во оваа Политика на приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не пристапувате кон нашата веб страна и да не ги
користите нашите услуги.
Офицер за
заштита на лични податоци
Сите прашања и
барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата
www.e-mik.mk и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги
упатат до Офицерот за заштита на лични податоци Радојче Тосевски, со е-маил
r.tosevski@miksvetinikole. mk и телефонски број 076/467-013.
Податоци коишто ги собираме
Можеме да
собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата веб
страна www.e-mik.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за
анализирањето на податоците од посетите на нашата веб страна, како и за
одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за
употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на
колачиња.
- Лица кои креирале
профил, односно, се регистрирале на нашата веб страна www.e-mik.mk;
- Корисници на онлајн
услугите на МИК Свети Николе.
Податоците кои ги собираме и се чуваат
кај нас, не се
објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните
органи на начин определен со законските прописи на Република Северна
Македонија.
Категории на
податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При
регистрирање на нашата веб страна, секој посетител ги остава следните лични
податоци:
- Вашата интернет протокол
(IP) адреса;
- Уредот од кој
пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен
систем;
- Видот на пребарувачот,
plugins и верзија;
- Страните кои ги
посетувате на нашата веб страна и времето кое го минувате на секоја
страна;
- URL на страната која Ве
префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги
користеле во обидот да ја најдете страната на МИК
Свети Николе;
- Јазикот на пребарувачот
кој го користите;
- Држава (се одредува
преку IP адресата).
Серверските
логови автоматски се бришат во рок од 15 (петнаесет) дена, освен доколку
околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или
злонамерен напад.
Самостојно ги
одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно,
вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се
пренесуваат од посетите на нашата веб страна.
- Податоци кои корисниците ги доставуваат заради регистрација на
веб страната и оние кои доброволно ги доставуваат
- Име и презиме;
- Адреса;
- Tелефон
- Е-меил адреса;
- Информации за исплата од
кредитна или дебитна картичка.
Вашите лични
податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со
други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела и трети
лица, освен кога станува збор за пријавување на злонамерен напад, по барање од
Агенцијата за заштита на личните податоци во постапка за утврдување на повреда
на лични податоци или во други случаи предвидени со закон. Нашата веб страна ги
презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност
и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради
спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна
злоупотреба.
3. Податоци кои корисниците ги доставуваат во делот „Контакт“
Во „Контакт“ се оставаат податоци на Корисникот:
- Име и презиме;
- Е-меил адреса;
- Телефон
- Порака
– текстуална порака која сака корисникот
да ја испрати до Мик Свети Николе
По оставање на горенаведените
податоци се стиска копчето I'm not a robot -
односно ReCAPTCHA со цел да детектираме дали посетителот е реална
личност или е некој "bot" како би ја заштитиле страната од
злоупотреба и спамување.
Делот Контакт не зачувува податоци во база, туку се користи да корисникот испрати порака до Мик Свети
Николе.
4. Податоци кои корисниците ги доставуваат
во делот „Кошничка“
Во „Кошничка“ се оставаат
податоци на Корисникот:
- Е-меил адреса;
- Телефон
- Град
- Адреса на испорака
- Текстуална порака
Со потврдување на кошничката корисникот преминува кон следниот чекор на наплата.
Личните податоци, доброволно поднесени од нашите
посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и
електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни побараната
нарачка.
www.e-mik.mk. не собира никакви информации од финансиска природа
како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу
кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво
од страна на КАСИС АД Скопје.
Кога како начин на плаќање ќе изберете плаќање со
платежна картичка, наплатата ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од
платежни картички на КАСИС којшто користи најнова технологија за заштита на
Вашите податоци. Бројот на Вашата картичка се испраќа преку сигурна
конекција до КАСИС и веднаш по завршувањето на трансакцијата се брише.
www.e-mik.mk воопшто не доаѓа во контакт со бројот на Вашата платежна картичка, ниту пак за тоа има потреба.
Правила за процесот на регистрација и најава
На веб
страната не е задолжително корисникот да креира кориснички профил за да направи
нарачка, туку креирањето на корисничкиот профил е со цел да може детално да се
има увид во своите нарачки и при наплатата автоматски да се предложат внесените
податоци од формата за регистрација. Овие податоци се зачувуваат во база.
А) Процес на регистрација:
1. Во делот Најави Се, се одбира нов корисник.
2. Се внесува:
- Име
- Презиме
- Е-меил адреса
- Лозинка
- Телефон
- Град
- Адреса
3. Потоа се клика регистрирај се.
Б) Процес на Најава:
- Се внесува маил и лозинка
Сите лични
податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна
достава на производот, реализација на плаќањето како и чување историја на
нарачки, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци
и не се отстапуваат на трети страни.
Причини за собирање и обработка Вашите податоци
Вашите лични
податоци ги собираме и обработуваме поради следните причини:
- за
примање на Вашите нарачки и да ја извршиме
испораката;
- за контактирање со Вас со врска со вашите нарачки и доставата на истите;
- за контактирање со Вас за промотивни понуди или други комуникации кои може да
бидат во Ваш интерес;
- за одговарање на Вашите прашања поврзани со нарачките, доставата и
обработката на личните податоци;
- за персонализирање на содржините кои ги гледате кога ја посетуваме нашата веб страна
и
- за да го пресметуваме вкупниот број посетители на нашата веб
страна.
Начин на собирање личните податоци?
Вашите лични
податоци ги собираме на различен начин и тоа:
- преку Вашето користење
на нашата веб страна, вклучувајќи ги и формите за регистрација и најава;
- преку нашата е-маил
адреса: mesind@t-home.mk.
Време на чување
на собраните податоци
Во зависност
од типот на податокот податоците кои
ги собираме се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со останатите применливи и важечки закони и
подзаконски акти за периодот потребен за
постигнување на целта на нивната обработка.
Права на корисникот
МИК Свети Николе гарантира
остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични
податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од МИК Свети Николе :
- Право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични
податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат
за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
- Право на исправка – доколку откриете дека вашите лични
податоци што ги обработува МИК Свети Николе не се точни или не се
целосни, имате право да побарате нивна исправка;
- Право на бришење т.е ,,право да се биде заборавен” – право да
побарате од МИК Свети Николе да ги избрише вашите лични
податоци под одредени услови утврдени со закон;
- Право на ограничување на обработката – право да побарате МИК Свети
Николе да ја
ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени
со закон;
- Право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите
лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив
формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од МИК Свети
Николе;
- Право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку
обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или
се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со
директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон
- Право на повлекување на согласноста– имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување
- Право да не се биде предмет на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање - имате право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици за него или на сличен начин значително влијае на него
- Право на поднесување на барање до АЗЛП – ако сметате дека начинот на кој МИК Свети Николе ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
МИК Свети
Николе за барањето
на субјектот на личните податоци е должен да достави информација за преземените
активности т.е за остварување на правата на субјектот на личните податоци,
без непотребно одложување и во секој случај во период од 30 денови, од
денот на приемот на барањето и целосно бесплатно. МИК Свети
Николе има право
овој рок да биде продолжен за уште два месеци земајќи ги предвид сложеноста и
бројот на барањата. МИК Свети Николе го информира субјектот на личните
податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на
барањето, заедно со причината за одложувањето. Кога субјектот на лични податоци
поднесува барање во електронска форма, информациите се даваат со користење на
електронски средства каде што е можно, освен ако субјектот на личните податоци
побара поинаку.
За дополнителни
информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци,
можете да се обратите на нашата e-mail адреса mesind@t-home.mk или кај
нашиот офицер за заштита на лични податоци.
Политика за
заштита на лични податоци на малолетни лица
МИК Свети Николе не дозволува користење на веб страната од страна на деца,
односно, лица помали од 18 години. Таквата употреба на веб страната е строго
забранета. Нашата веб страна е дизајнирана со намера да биде користена исклучиво
од страна на возрасни лица. Со користење на нашата платформа, Вие изјавувате
дека сте возрасно лице со навршени 18 години и дека разбирате дека мора да сте
полнолетни за да можете да креирате профил, како и да извршите
нарачки и плаќања. Доколку дојдеме до знаење дека одреден корисник кој е
регистриран на нашата веб страна е помлад од 18 години, профилот и податоците
поврзани со тој корисник веднаш ќе бидат отстранети.
Промена на
Политиката на приватност
Го задржуваме
правото на промена, дополнување и ажурирање на Политиката на приватност во било
кое време и без претходна најава, соодветно на настанатите промени и нашите
активности. Доколку го сториме тоа, ќе Ве известиме преку различни процедури на
веб страната (на пример преку банер, скок-прозорец или „push“ известување), или
преку испраќање на известување на Вашата е-маил адреса кога промената е
релевантна за Вашата приватност, за да можете да ги разгледате и процените
промените, а по потреба да се спротивставите или да се откажете од некоја услуга
или функција. Во секој случај, Ви предлагаме периодично да ја проверувате
политиката на приватност при посета на нашата веб страна.
Политика за користење колачиња
Оваа веб страница користи колачиња за да го
олесни пребарувањето на веб страната, да разбере како комуницирате со нас и во
одредени случаи, да може да Ви прикаже реклами во согласност со Вашите навики
на пребарување.
Во оваа политика за колачиња се истакнати нашите информации за Колачињата за
подетално ваше информирање во врска со тоа кои колачиња ги
користиме, нивната намена, можноста за бришење и менаџирање на колачињата како и други информации од интерес.
Што претставуваат колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои при посетата
на нашата веб страна се зачувуваат на вашиот уред со цел да се подобри корисничкото
упатство. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб
страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога
повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуални
датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате
и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб
страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои Вашиот
пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен
софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да
биде во траење од неколку минути до повеќе од една година. Колачињата (cookies) се
користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и
преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви
се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена
содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
Колачињата
според времетраењето можат да се поделат во две категории: „за време на сесија“
и „трајни“.
- Колачињата
за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го затворите
прелистувачот или по одреден период на неактивност.
- Трајните
колачиња остануваат на Вашиот комјутер до датумот на истекување/времето
утврдено од креаторот на колачињата.
Oваа веб страница користи трајни колачиња (cookies), кои го
памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со
цел да се задржи состојбата на корисникот.
Зошто користиме колачиња (cookies) и за што не
користиме колачиња (cookies)?
На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве
причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува
страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример
контрастот на бојата или големината на фонтот;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не)
со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страна.
Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои
податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од
веб страната сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте
биле пренасочени.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google LLC ReCAPTCHA со цел да детектираме дали посетителот е реална личност или е некој "bot" како би ја заштитиле страната од злоупотреба и спамување. Услугата се користи на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна. Кориснички информации и активности кои reCaptcha ги собира и анализира се: јазикот на пребарувaчот кој го користи посетителот, бројот на кликови со глушецот кои корисникот ги направил на страната или притискање од мобилен телефон, пишувачкиот патерн на корисникот и тоа со цел подобрување на алгоритмите и безбедноста на ReCAPTCHA.
Во колачињата кои ги користиме не ги чуваме чувствителните лични
информации, какви што се Вашето име, адреса, лозинка, податоците за Вашата
кредитна или дебитна картичка и слично.
Можност за бришење и контрола на колачињата (cookies)
Информациите во врска со
колачињата (cookies), не се користат за лична идентификација. Прифаќањето на колачињата (cookies) не е неопходно за
работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во
пребарувањето.
Согласно вашата волја, овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но
ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да
работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат
на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за
нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги
прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така
можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.
На оваа веб страница постои можност за давање на грануларна согласност, односно постојат две опции за давање со согласност т.е. опција за давање и недавање на согласност од страна на корисникот на веб страницата.